• недела, 22 декември 2024

Обилни снежни врнежи и силен ветар предизвикаа проблеми во БиХ

Обилни снежни врнежи и силен ветар предизвикаа проблеми во БиХ
Сараево, 6 февруари 2020 (МИА) - Интензивни снежни врнежи и ветрови синоќа предизвикаа големи проблеми во Босна и Херцеговина, но ситуацијата од утрово постепено се нормализира и сите сообраќајни правци повторно се проодни, изјавија официјални лица од Авто мото Сојузот на БиХ. Во раните утрински часови, за сите возила беше отворен магистралниот пат Гламоч - Млиниште, додека  на патниот правец Купрес - Шуица - Ливно привремено возат само патнички возила. За камионите задолжително е да се користат зимска опрема на патиштата меѓу Сараево и Тузла, преку планински премини во централниот дел на земјата и во поширокото подрачје на планината Романија. Мостар во текот на ноќта беше погоден од силни ветрови кои предизвикаа штета на деловните и станбените згради и возилата. Малиот град Соколац во текот на ноќта беше целосно отсечен од светот затоа што ветерот урна далноводи, па немаше електрична енергија и вода. Пристапот до градот беше расчистен утрово, но градоначалникот Милован Бјелица рече дека ќе биде потребно долго време за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. јт/зш/

Остани поврзан