• сабота, 23 ноември 2024

Обединети за Македонија: Да продолжиме по европскиот пат како горди Македонци

Обединети за Македонија: Да продолжиме по европскиот пат како горди Македонци
Скопје, 15 јули 2022 На вечерашниот состанок на Претседателството на Обединети за Македонија, се донесе одлука за поддршка на т.н. француски предлог за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Билатералните прашања не се дел од преговорите. Со самиот предлог, се потврдува македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Правото на самоопределување е една од вредностите на Европската Унија. Затоа, најискрено советуваме, пред да излезете да протестирате, да го прочитате документот кој е јавно достапен и самите да донесете заклучок, дали ќе ја поддржете радикалната левица која шири невистини и идеологија чиишто земји каде е на власт истата, се најниско рангирани во светот, или ќе продолжиме по европскиот пат како горди Македонци. Но, испраќаме и апел до македонската дипломатија, доколку во иднина не се почитува договореното, да ги прекинеме преговорите на одредено време. Обединети за Македонија ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан