• петок, 22 ноември 2024

Обвинение за родосквернавење против 18-годишник од село Сенокос

Обвинение за родосквернавење против 18-годишник од село Сенокос
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело „родосквернавење“ од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Гостивар. - На 15 јули, обвинетиот извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година. Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и извршил обљуба со употреба на физичка сила. Потоа и се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе и го направи истото, велат од гоствиарското обвинителство. Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​ оџ/сп/

Остани поврзан