• недела, 22 декември 2024

Нови 444 случаи на Ковид-19, 225 оздравени и осум починати

Нови 444 случаи на Ковид-19, 225 оздравени и осум починати
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Од направени 3.210 тестирања, регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа оздравеле 225 пациенти, а осум лица починале. Новите случаи се регистрирани во Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка - 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола –  17, Тетово и Кочани  – по 16, Прилеп –  15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по девет, Неготино и Ресен – по седум, Берово –  пет, Свети Николе –  четири, Кичево, Радовиш и Пробиштип  – по три, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица –  по два, Виница, Пехчево и Дојран – по еден. Регистрирани сe 225 оздравени пациенти, од Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – осум,  Велес  – седум, Гевгелија – шест, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по четири, Штип и Пробиштип  – по три, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по два, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по еден. Починати се две лица од Скопје на 56 и на 46 годишна возраст  и по едно починато лице од Кавадарци на 74 години, Куманово (88 години), Кочани (84 години), Струмица (73 години), Прилеп (71 години) и Тетово (69 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 3 октомври 2021 година до 24 октомври 2021 година. Регистрирани се две починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои пет се починати во болнички услови, а три во домашни услови. Направени се 3.210 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-109, Биотек-142, Систина-53, лабораторија Лаор-107, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–33, Генеа-4, Никоб лаб-314, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.411. Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 87908, Активни 3203 Куманово 12195, Активни 455 Тетово 10980, Активни 119 Прилеп 9408, Активни 257 Гостивар 7998, Активни 25 Битола 7378, Активни 216 Велес 6739, Активни 328 Кавадарци 6227, Активни 211 Охрид 6142, Активни 192 Штип 6101, Активни 207 Струмица 5901, Активни 136 Кичево 4084, Активни 70 Струга 3838, Активни 42 Кочани 3530, Активни 176 Гевгелија 2543, Активни 84 Неготино 2371, Активни 39 Свети Николе 1997, Активни 78 Крива Паланка 1616, Активни 140 Радовиш 1588, Активни 45 Ресен 1583, Активни 43 Дебар 1453, Активни 5 Берово 1233, Активни 21 Делчево 1153, Активни 33 Виница 1084, Активни 35 Пробиштип 998, Активни 54 Валандово 850, Активни 23 Кратово 639, Активни 32 Богданци 584, Активни 27 Крушево 546, Активни 15 Демир Хисар 481, Активни 34 Македонски Брод 477, Активни 2 Демир Капија 410, Активни 1 Македонска Каменица 356, Активни 40 Пехчево 320, Активни 4 Дојран 145, Активни 3   мс/мд/  

Остани поврзан