• сабота, 23 ноември 2024

Нови рестриктивни мерки во Хонгконг поради Ковид-19

Нови рестриктивни мерки во Хонгконг поради Ковид-19
Хонгконг, 27 јули 2020 (МИА) - Властите во Хонгконг денеска ќе ги објават новите мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, кои ќе стапат во сила од среда, а вклучуваат целосна забрана за работа на рестораните и задолжително носење маски на јавни места. Хонгконг е првиот град кој воведува забрана за седење во ресторани. Од крајот на јануари во Хонгконг се заразени со коронавирус повеќе од 2.600 лица, а 19 се починати. гт/

Остани поврзан