• петок, 22 ноември 2024

Нови ЛЕД-светилки на поголемиот број улици во Кичево

Нови ЛЕД-светилки на поголемиот број улици во Кичево
Кичево, 25 јануари 2022 (МИА) - По неполни три месеци од почетокот со работа, старите улични светилки на поголемиот број улици во градот Кичево се променети со нови ЛЕД-штедливи светилки. Замената треба да продолжи и во сите селски населби во општината, а целокупниот зафат ќе заврши за околу шест месеци, најавија од компанијата изведувач „Бурими-2001“. - Од почетокот на ноември започнавме со целосна промена на застарените улични светилки со нови ЛЕД-светилки, како во Кичево така и во сите села во општината. Компанијата која ќе ја изврши оваа работа е „Бурими-2001“ од Кичево, а во период од шест месеци треба да бидат целосно променети старите со нови ЛЕД-светилки во градот и во сите рурални средини. При оваа операција ќе бидат променети околу 8.000 светилки, со што ќе се заокружи целата операција, а тоа очекуваме да се случи најдоцна до крајот на пролетта, истакна Ајрадин Арифи од компанијата изведувач. Тој појасни дека со промената на јавното осветление и поставување нови ЛЕД-светилки, квалитетот на јавното осветление ќе биде далеку подобар и овој вид светилки го доловуваат амбентот на дневната светлина. Арифи потсети на уште две придобивки што ќе има општината со промената на уличните светилки. Векот на траење на овие светилки е далеку поголем и она најважното е заштедата и намалената потрошувачка на струја на овој вид светилки за 20-30 проценти, што долгорочно е економски исплатлив проект. за/аа/

Остани поврзан