• петок, 22 ноември 2024

Нова можност за компаниите да учествуваат во истражувањето на плати, додатоци и надоместоци „КонкурентнаПЛАТА“

Нова можност за компаниите да учествуваат во истражувањето на плати, додатоци и надоместоци „КонкурентнаПЛАТА“
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и годинава го спроведува националното истражување на плати, додатоци и надоместоци „КонкурентнаПЛАТА “ и ги повикува сите заитересирани компании за учество во истражувањето да се пријават најдоцна до 17 јуни на е-пошта info@orm.org.mk. Целта на истражувањето е да даде релевантни информации за цената на трудот за профили на вработени на конкретни работни позиции, со цел работодавачите да ги оптимизираат и континуирано да ги надградуваат и усовршуваат идните политики за развој на човечкиот капитал во организацијата. -Алатката #конкурентнаПЛАТА нуди низа придобивки за компаниите, која всушност ги собира, обработува и презентира информациите добиени со спроведувањето на валидно истражување на плати, додатоци и надоместоци. Таа ги следи карактеристиките на локалниот пазар и локалното законодавство, дава ексклузивни информации за специфичните индустрии вклучени во истражувањето, дозволува споредби помеѓу повеќе од 150 работни позиции, се вели во денешното соопштение од ОРМ. Претседателката на Организацијата на работодавачите на Македонија Владанка Трајкоска, истакнаува дека целта на истражувањето #конкурентнаПЛАТА е да даде релевантни информации за цената на трудот за профили на вработени на конкретни работни позиции, со цел работодавачите да ги оптимизираат и континуирано да ги надградуваат и усовршуваат идните политики за развој на човечкиот капитал во организацијата. Повеќе информации компаниите можат да добијат од брошурата Error! Hyperlink reference not valid.на следниов линк. ОРМ преку платформата конкурентнаПЛАТА нуди и консултантски услуги во секоја фаза на истражувањето, а воедно генерира и навремени, едноставни за следење извештаи прилагодени на потребите на компаниите. -Претставувајќи повеќе од 1000 претпријатија со над 72 000 вработени на ниво на целата држава, ОРМ својот фокус го држи на теми од интерес на работодавачите поврзани со образование, инфраструктура, општествена одговорност, безбедност и здравје при работа, трудова и социјална легислатива, оданочување, инвестирање, казнена политика и кредитирање, велат од ОРМ Платформата конкурентнаПЛАТА е поддржана од Меѓународната организација на трудот. сст/сп/

Остани поврзан