• понеделник, 30 декември 2024

На Клиниката за неврохирургија изведена нова техника за флуоросцентно обојување на тумори

На Клиниката за неврохирургија изведена нова техника за флуоросцентно обојување на тумори
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека заедно со идниот заменик министер за здравство Владимир Рендевски на Клиниката за неврохирургија извеле нова техника со која се што врши визуелизација, односно флуоросцентно обојување на туморите. Филипче во објавата на Фејсбук воедно напомена дека оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. - На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување, стои во објавата на Филипче. свс/сп/

Остани поврзан