• петок, 22 ноември 2024

На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови

На западот на Австралија  160 насукани, а 26 угинати китови

Перт, 25 април 2024 (МИА) - Околу 160 пилот-китови (Globicephala melas) се насукаа денеска на западниот брег на Австралија, кај градот Дансборо, а најмалку 26 веќе угинаа пред властите да успеат да ги спасат.

„Нашиот тим во мигов ја проценува состојбата на китовите на плажите, а стручните екипи за водни површини се обидуваат да ги задржат животните заедно и подалеку од брегот“, соопшти австралиската Управа за биодиверзитет.

Одговорната офицерка за заштита на дивиот свет, Пија Кертис изјави дека пилот-китовите, кога се на плажа, најчесто угинуваат. Надлежните ги повикаа граѓаните да не се обидуваат да ги спасуваат животни без стручни лица, бидејќи така може да им предизвикаат дополнителни повреди на животните и да го отежнат нивното спасување. Овие китови се групирани на четири места оддалечени неколку километри.

Пилотот е така наречен затоа што се верува дека во една група сите китови следат еден „пилот“ кит. Групата може да содржи од 10 до 100 единки и повеќе и тие живеат неразделно, што може ја зголеми можноста да се насукаат на некој брег.  си/сд/

Фото: Јутјуб, фотоисечок

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан