• петок, 05 декември 2025

На Детска клиника примопредавање на нов мобилен рентген апарат донација од јапонска Амбасада

На Детска клиника примопредавање на нов мобилен рентген апарат донација од јапонска Амбасада

Скопје, 5 август 2025 (МИА) - На ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести денеска ќе се одржи примопредавање на новиот мобилен рентген апарат, донација од Амбасадата на Јапонија.

Како што соопштија од Детска клиника, на настанот ќе присуствува амбасадoрката на Јапонија, Сетсуко Кавaхара, државниот секретар на Министерството за здравство Бесим Мемеди, како и менаџментот и медицинскиот тим на Клиниката за детски болести предводена од директорот Реџеп Мемеди.

Од Клиниката додаваат дека овој настан претставува уште еден чекор напред во унапредувањето на здравствената грижа за најмладите пациенти. нд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан