• понеделник, 13 мај 2024

На ГП Табановце за излез од државата се чека околу половина час

На ГП Табановце за излез од државата се чека околу половина час
Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај во 19:00 часот на патните правци надвор од градските средини е умерен. - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се вели во соопштението. мс/аа/

Остани поврзан