• понеделник, 23 декември 2024

На ГП Богородица изминатите 24 часа од земјава излегле повеќе од осум илјади туристи

На ГП Богородица изминатите 24 часа од земјава излегле повеќе од осум илјади туристи
Гевгелија, 21 мај 2022 (МИА) - Изминатите 24 часа на ГП Богородица е забележана зголемена сообраќајна фреквенција и гужва на излезот од земјава кон Грција, која предизвикала некаде до пладне за излез да се чека меѓу 40 минути и еден час, изјавија за МИА од дежурната гранична служба. И покрај тоа што функционирале сите сообраќајни ленти, имало повремени големи налети на туристи, чиј број на излез од земјава изнесува 8.122 туристи, најголем број од нашата земја и од соседна Србија. За време на сообраќајниот метеж, кој траел до 12 часот, се случиле и неколку непријатни ситуации на меѓусебни кавги меѓу возачите поради незапазување на редот, како и меѓу камионџиите од истата причина кои сепак завршиле мирољубиво. Од дежурната гранична служба посочија дека во моментот е празен ГП Богородица и дека не се чека повеќе од пет минути на излез од земјата .Релаксирана е ситуацијата и на ГП Евзони. им/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан