• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 57 лица загинаа во лавини во пакистанскиот дел на Кашмир

Најмалку 57 лица загинаа во лавини во пакистанскиот дел на Кашмир
Исламабад, 14 јануари 2020 (МИА) - Најмалку 57 луѓе загинаа во последните 24 часа во лавини во пакистанскиот дел на Кашмир. Владини претставници соопштија дека голем број селани се уште се блокирани во областа на долината Нилум по поројните дождови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето. Спасувачката акција е во тек, а се стравува дека повеќето од лицата кои се водат како исчезнати се загинати. гт/

Остани поврзан