• понеделник, 23 декември 2024

Потпишување договор на Амбасадата на Јапонија со Клиниката за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат

Потпишување договор на Амбасадата на Јапонија со Клиниката за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Во Министерството за здравство денеска во рамки на GGP Програмата на Амбасадата на Јапонија, за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, ќе биде потпишан договор со Универзитетската клиника за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

Како што информираат од Министерството за здравство, на церемонијата на потпишување ќе се обратат министерот за здравство, Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во во РС Македонија, Оцука Казуја, и директорот на УК за детски болести, Реџеп Мемеди. сст/нд/

фото МИА архива

 

 



Остани поврзан