• вторник, 21 јануари 2025

Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Во просториите на Народната банка денеска ќе се одржи 53. сесија на Клубот на истражувачите, соопштија од Банката. 

На сесијата ќе бидат презентирани трудовите „Проценка на ефикасноста на јавните трошења во земјите од Југоисточна Европа - техника за анализа на обвивка на податоци (DEA)“ од авторите Весна Гарванлиева Андонова и Борче Треновски и „Хиерархиска економска анализа на меѓународната трговија со услуги“ од авторите Филип Насковски, Мартин Бојковски, Димитар Пешевски и Димитар Трајанов.

По презентациите на трудовите e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи. сст/са/

фото Народна банка

 

 

                           

Остани поврзан