• недела, 22 декември 2024

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 46. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 46. сесија на Клубот на истражувачите

Скопје, 4 март 2023 (МИА) - Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 46. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 март годинава, со почеток во 14:00 часот, во просториите на Банката. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 март 2023 година.

Како што информираат од Народната банка, трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. сст/дма/

Фото: Народна банка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан