• петок, 22 ноември 2024

Над 40 граѓани од Кочани побарале лекарска помош поради скршеници и други повреди од мразот

Над 40 граѓани од Кочани побарале лекарска помош поради скршеници и други повреди од мразот
Кочани, 17 февруари 2021 (МИА) – Вкупно 44 граѓани за само три дена побарале лекарска помош во хируршкото одделение на Општата болница со проширена дејност во Кочани. Главно се работи за скршеници и други посериозни повреди предизвикани од паѓање на мраз и снег на тротоарите и улиците. - Невообичаено голем број граѓани се јавија кај нас на хирургија за краток период, при што само осуммина беа во текот на вчерашниот ден. Сите имаа контузии, крварења, исчашувања или скршеници на екстремитетите. Се пожалија дека паднале на голомразицата. По санирањето на повредите и укажаната лекарска помош, пуштени се на домашно лекување, а за неколкумина е потребен и оперативен зафат, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница во Кочани. Од КЈП „Водовод“ информираа дека нивни екипи постојано се на терен и ги расчистуваат улиците и подмрзнатите тротоари. Главните улици низ Кочани се проодни за сообраќај, но ниските температури во вечерните и раните утрински часови го отежнуваат сообраќајот и движењето на пешаците. та/ки/

Остани поврзан