• петок, 22 ноември 2024

Надал се враќа на терен на турнирот во Монтреал

Надал се враќа на терен на турнирот во Монтреал
Монтреал, 18 јули 2022 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал би можел да се врати на терен за помалку од месец по повредата на Вимблдон на турнирот во Монтреал, Канада, што се одржува од 8 до 14 август. - Рафаел Надал многу сака да дојде во Монтреал, а неговата хотелска соба е веќе резервирана. Исто така, му испративме и топки кои што ќе ги користиме за турнирот, со цел тој да може да се подготви. Очекуваме да започне со тренинг неделава, изјави директорот на турнирот Ежан Лапјер. Надал претходно го има освоено турнирот во Монтреал во 2005, 2008, 2013, 2018 и 2019 година. ар/бак/

Остани поврзан