• недела, 22 декември 2024

Муцунски ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ во Тирана

Муцунски ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ во Тирана

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе учествува  на состанокот на министри на надворешни работи на Централно европска иницијатива (ЦЕИ) кој во рамки на албанското претседавање со иницијативата се одржува денеска во Тирана.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, фокусот на темите на состанокот ќе биде ставен на ЕУ проширувањето во новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на меѓународната безбедност и стабилност.

За време на министерскиот состанок се очекува да биде усвоена Заедничка изјва од страна на сите министри на земјите членки на ЦЕИ, потврда за изборот на нов Генерален секретар на ЦЕИ и утврдување на следната земја претседавач со иницијативата - Република Србија. сст/дма/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан