• недела, 22 декември 2024

Музеите, кината, спортските објекти, рестораните во Франција ќе останат затворени до крајот на месецот

Музеите, кината, спортските објекти, рестораните во Франција ќе останат затворени до крајот на месецот

Париз, 7 јануари 2021 (МИА) – Премиерот на француската влада Жан Кастекс соопшти вечерва дека музеите, кината, спортските и рекреативните објект во Франција ќе останат затворени до крајот на месецот, јави дописникот на МИА.

-Мора да најдеме динамика на опаѓање на епидемијата. За да се постигне ова, сите активности и установи кои сега се затворени ќе останат затворени до крајот на месецот. Музеите, кината, театрите, спортските и рекреативните објекти нема да доживеат никакво олеснување во наредните недели, најави францускиот премиер.

Истото важи и за спортските сали.

Рестораните и баровите можат да се надеваат на евентуална минимална активност во средината на февруари.

На 20 јануари ќе се види дали е можно повторно отворање на ски-лифтовите за на почетокот на февруари.

Според Кастекс во текот на целиот овој период, владата ќе продолжи да обезбедува економска поддршка за сите чинители директно погодени од овие мерки, без оглед дали станува збор за фондот за солидарност или за делумна активност, под истите услови како и во моментов.

Тој притоа нагласи дека ситуацијата со епидемијата не се нормализира и дека контаминациите се сеуште високи со околу 15 000 нови случаи дневно.

Така,  уште десетина департмани од Источна Франција можат да се најдат под мерката на полициски час од 18 до 6 часот.

Гранциата со велика Британија ќе остане и понатаму затворена.

На заедничката прес конференција министерот за здравство Оливие Веран, потврди дека досега во Франција се откриени 19 случаи на англиската варијанта на Ковид-19.

Франција има нарачано 200 милиони дози од вакцината против Ковид-19, а до крајот на месецот владата смета дека ќе бидат вакцинирани еден милион лица во Франција.тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан