• петок, 22 ноември 2024

МТСП: Субвенционирање на плати за уште 438 невработени лица

МТСП: Субвенционирање на плати за уште 438 невработени лица
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, преку пренамена на средства во Оперативниот план во износ од 100.000.000 денари обезбеди поголем опфат на невработени лица. -Со овој вид на поддршка бројот на невработени лица, што ќе бидат опфатени со мерката субвенционирање на плати, од 866 ќе се зголеми на 1.304. На тој начин, вкупниот опфат на невработени лица со Оперативниот план ќе се зголеми од 10.279 на 10.717 лица, посочуваат од Министерството за труд и социјална политика. Од МТСП велат дека со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, особено на младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот од работен однос е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Коронавирусот COVID 19. За прв пат оваа година, додаваат од Министерството, во Оперативниот план се предвидени три принципи, според кои приоритет се дава на лицата кои ја изгубиле работата поради пандемијата со Ковид-19, потоа принципот на диверзитет и инклузивност и принципот на рамномерен регионален развој. сст/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан