• понеделник, 23 декември 2024

Мојсовски: Правиме законски решенија за спортистите да добијат право на пензија

Мојсовски: Правиме законски решенија за спортистите да добијат право на пензија
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Правиме законски решенија со кои овозможуваме поранешните, но и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија. Денес ја исправаме децениската неправда кон спортистите, информира на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. - Во заедничка координација сме со Фондот за пензиско осигрување, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, Кабинотот на претседателот на Владата и информираната група при Агенцијата, за изнаоѓање најдобар модел со кој преку законски измени ќе се стигне до најдобро системско решение, односно времето кое спортистите го поминуваат професионално ангажирани во спортски клуб да им биде додадено, поточно тоа време, тие години да им бидат впишани во пензискиот стаж во момент кога ќе се исполнат законските критериуми и старосната граница за заминување во пензија, појасни Мојсовски. Остварувањето на спортската пензија на поранешните спортисти и спортистки, како што додаде, е само првиот сегмент од исполнувањето на владините мерки во однос на трудовите и социјалните политики во спортот. Следен сегмент, информира Мојсовски, е поддршка, односно субвенционирање на придонесите на сегашните спортисти и спортистки, процес кој ќе отпочне во вториот квартал од годината и ќе тече паралелно со овој спортски процес. - Како ракометар со повеќе од 20 години успешна ракометна и репрезентативна кариера немам ниту еден ден стаж, а истата судбина ја делат плејада спортски легенди. По завршувањето на спортската кариера овие големи луѓе се оставени на маргините на општеството без работен, стаж, без здравствено осигурување, но и најчесто без алтернативна професија и образование кои ги исполнуваат градејќи спортска кариера на највисоко ниво, посветени на достоинствено претставување и промоција на нашата држава ширум светот, рече Мојсовски, додавајќи дека овие спортисти и спортистки, никако не смеат да бидат заборавени од општеството. мс/сп/

Остани поврзан