• петок, 22 ноември 2024

МОН: Со твининг проект ќе се зајакнува Националната рамка на квалификации

МОН: Со твининг проект ќе се зајакнува Националната рамка на квалификации
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Дополнително зајакнување и операционализација на Националната рамка на квалификации, со што ќе се зголеми вработливоста, мобилноста и социјалната интеграција на работниците во Република Северна Македонија е цел на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на националната рамка за квалификации“, финансиран од ЕУ, што ќе се реализира во период од 27 месеци. Како што соопшти МОН, заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, на денешниот втор состанок на членовите на Управниот комитет на проектот, посакувајќи им успешна работа, рече дека имаат добра основа за работа, затоа што нашата Национална рамка за квалификации е усогласена со европската рамка пред неколку години, како еден од предусловите за евроинтеграција. - Постојаното надградување на овој важен инструмент, кој е основа за стекнување на квалификации како и за проодност и квалитет на квалификациите, е исклучително важно за секоја држава. Очекувам со овој проект да се зголеми функционалноста на Националната рамка за квалификации, посебно од аспект на транспарентноста и управувањето со вештините и квалификациите на сите нивоа на образование, рече Алиу. Од проектот, додаваат од МОН, се очекува и подобрување на квалитетот и подобра приспособливост на образованието и обуките согласно барањата на пазарот на трудот, поврзување на формалното, неформалното и искуственото учење, како и поддршка на процесот на валидација на резултатите од учење стекнати преку неформално или искуствено учење. Проектот се имплементира во соработка со релевантни институции од Литванија, Словенија и Франција. мс/сп/

Остани поврзан