• сабота, 23 ноември 2024

Монодрамата „Прво лице еднина“ вечер во дворот на кумановскиот театар

Монодрамата „Прво лице еднина“ вечер во дворот на кумановскиот театар
Куманово, 20 јули 2020 (МИА) - По петмесечна пауза, во дворот на Театар Куманово вечер во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Прво лице еднина“ во режија на Драгана Гунин, и во изведба на актерката Владанка Димковска. Само 25 гледачи ќе можат да ја проследат претставата што премиерно беше прикажана лани во кумановскиот театар.
-Првпат по пет месеци организираме претстава на отворено со почитување на сите протоколи за физичка дистанца. Театарот ќе обезбеди средства за дезинфекција, а посетителите ќе мора да носат маски. Преставата помина исклучително добро минатата година и беа посетени сите изведби, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.
Текстот е на Димковска, работен по мотивите на „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало. Монодрамата зборува за жената, за животот, храброста, бунтовноста.
Проектот лани беше е финансиран од Министерство за култура.ам/бт/

Остани поврзан