• недела, 22 декември 2024

Момче паднало од зграда на поранешниот „Жито-мел“ во Куманово

Момче паднало од зграда на поранешниот „Жито-мел“ во Куманово
Куманово, 8 февруари 2020 (МИА) - Четиринаесетгодишно момче денеска паднало од објект на поранешен „Жито-мел“ во Куманово и се здобило со тешки телесни повреди, информираше кумановската полиција.
Случајот кај нив го пријавил лекар од болницата во 15 часот кој кажал дека момчето, родено 2005 година,  паднало од зграда од поранешната фабрика, лоцирана во центарот на Куманово.
Поради сеиозноста на повредите момчето е пренесено на лекување на клиника во Скопје.
Објектите на поранешниот мелнички комбинат со години се запуштени и многу често се случуваат пожари во некои од нив.ам/са/

Остани поврзан