• петок, 05 декември 2025

Млади иноватори од Валандово следеа презентација на решенија за заштита на животната средина

Млади иноватори од Валандово следеа презентација на решенија за заштита на животната средина
Гевгелија, 13 јуни 2022 (МИА) - Учениците и професорите од валандовската гимназија „Гоце Делчев“ присуствуваа на презентацијата на решенија за заштита на животната средина, која со подршка на УНИЦЕФ ја спроведува Центарот за социјални иновации. На повикот под наслов „Технологија за планетата“ сите млади иноватори на возраст од 16 до 24 години можат да доставуваат идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени кои ќе се развиваат под менторство на професионалци низ креативни работилници. Според организаторите, петте најдобри идеи ќе бидат финансирани и развиени, а две од нив ќе се натпреваруваат на глобалниот предизвик со шанса да добијат дополнителни средства во висина до 20.000 долари како подршка за проширување на решението. - Ова е можност да се даде сопствен влог во предизвикот на човештвото со климатските промени и да се добие глобално признание и подршка во справување со овој предизвик, посочија организаторите на презентацијата. им/рп/

Остани поврзан