• петок, 22 ноември 2024

Мијалков позитивен на Ковид-19, рочиштето за „Плацови на Водно“ одложено

Мијалков позитивен на Ковид-19, рочиштето за „Плацови на Водно“ одложено
Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) - Рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“, денеска не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков. Одбраната на обвинетиот како што извести судијата Илија Трпков, го информирала судот дека истиот е позитивен на коронавирус. Позитивни на Ковид-19 според судот се и неколку адвокати на обвинетите. На денешното рочиште беше предвидено да биде сослушан сведокот Кирил Божиновски. Следното рочиште за овој предмет е закажено за 24 јануари. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот", неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело". оџ/аа/

Остани поврзан