• сабота, 16 ноември 2024

Мицотакис повторно го покрена предлогот за сертификат за вакцинација на состанокот со Мишел, Фон дер Лајен, Меркел, Драги и Коста  

Мицотакис повторно го покрена предлогот за сертификат за вакцинација на состанокот со Мишел, Фон дер Лајен, Меркел, Драги и Коста   
Атина, 23 февруари 2021 (МИА) – Предлогот за воведување европски сертификат за вакцинација одново го покренал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на состанокот преку видеоконференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел со претседателката Европската комисија Урсила фон дер Лајен, со премиерите на Португалија и Италија, Антонио Коста и Марио Драги, како и германската канцеларка Ангела Меркел, во рамките на подготовките за Европскиот совет во четврток и петок , јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштуваат од кабинетот на Мицотакис, справувањето со пандемијата и координацијата на земјите- членки на Европската унија, под призмата на новите случувања и прашањето за обезбедување вакцини. -Премиерот на неговите соговорници им го повтори предлогот за воведување европски сертификат за вакцинација кој, кога епидемиолошките податоци ќе дозволуваат олеснување на рестрикциите за движење, ќе ги олесни безбедните патувања, соопштуваат од кабинетот на Мицотакис. Грчкиот премиер ја повторил и важноста на брзото одобрување на новите вакцини од надлежните органи „со почитување на сите безбедносни протоколи, но без бирократски пречки“. ср/ссм/

Остани поврзан