Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на настанот што под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ се одржува во Скопје.
Скопје, 28 март 2026 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на настанот што под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ се одржува во Скопје.
Повеќе од 70 млади лидери од сестринските партии на Европската народна партија (ЕПП) од цела Европа во наредните денови ќе дискутираат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики во иднината на западнобалканскиот регион.
Настанот е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на Европската народна партија (ЕПП) и Фондацијата „Конрад Аденауер“.
- Станува збор за најзначајниот настан во годишната агенда на European Democrat Students (EDS), кој претставува силна потврда за довербата што Европа ја има во нашата работа, велат од Владата. бак/
Фото: МИА архива