• среда, 20 ноември 2024

Мицкоски: Владата дава целосна поддршката за негување на лингвистичките идентитети

Мицкоски: Владата дава целосна поддршката за негување на лингвистичките идентитети

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати порака по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик кој го користат 72 милиони луѓе ширум светот.

-Ние како Влада целосно ја даваме поддршката за негување на лингвистичките идентитети, затоа што лицата со оштетен слух и говор го збогатуваат нашето општество и култура. Заедницата на глуви лица, без разлика на етничка и религиозна припадност може да ни биде добар модел на заедништво и користење на еден јазик, македонскиот знаковен јазик. Денес имаме околу 7000 илјади глуви и наглуви лица кои го користат македонскиот знаковен јазик, а нашата Влада ќе се бори да им обезбеди достоинствен живот и унапредување на правата! Да е честит 23 септември -  Ден на знаковниот јазик, напиша Мицкоски во пораката.

Тој додава дека Обединетите Нации кон крајот на 2017 година го прогласија 23 септември за Меѓународен ден на знаковниот јазик, кој има еднаков статус со сите говорни јазици. Целта е да се подигне свеста за значењето и потребата на знаковниот јазик како човеково право на глувите и наглуви лица. сст/са/

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан