Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод 4 Февруари – Денот на раѓањето на Гоце Делчев
- -Денеска оддаваме почит на човекот кој беше пред своето време – Гоце Делчев, симбол на борбата за слобода, правда и национална свест. Неговата визија за „свет како поле за културен натпревар меѓу народите“ останува инспирација за сите нас. Како министер за јавна администрација, го нагласувам значењето на неговите идеали во создавањето на ефикасни, транспарентни и демократски институции, кои работат во интерес на граѓаните и иднината на нашата држава, вели Минчев во честитката.
Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 4 Февруари, Денот на раѓањето на големиот револуционер и визионер Гоце Делчев, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
-Денеска оддаваме почит на човекот кој беше пред своето време – Гоце Делчев, симбол на борбата за слобода, правда и национална свест. Неговата визија за „свет како поле за културен натпревар меѓу народите“ останува инспирација за сите нас. Како министер за јавна администрација, го нагласувам значењето на неговите идеали во создавањето на ефикасни, транспарентни и демократски институции, кои работат во интерес на граѓаните и иднината на нашата држава, вели Минчев во честитката.
Нека овој ден, додава тој, биде потсетник дека реформите, интеграцијата и напредокот се наша заедничка одговорност.
-Да продолжиме да градиме силна, модерна и европска Македонија, во духот на принципите за кои Гоце Делчев се залагаше, нагласува министерот Минчев во честитката.
Тој потенцира дека Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на институциите во духот на вредностите што Гоце Делчев ги промовираше – слобода, еднаквост и градење на иднината со визија и одлучност. сст/aa/
фото МИА архива