• недела, 22 декември 2024

МЗ: Одржана едукација за трансплантација на здравствени работници

МЗ: Одржана едукација за трансплантација на здравствени работници

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Четиридневна едукација за трансплантација била реализирана преку ИПА проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, во соработка со Министерството за здравство и ЕУ делегација, наменета за здравствени работници за нивна надградба на вештини и знаења.

Како што информираат попладнево од Министерството за здравство, обуката опфатила теоретска едукација, како и практични вежби на работилници.

- Во посета на Македонија изминатите денови беше доктор Власта Мерц, едукатор од Хрватска, болнички координатор за трансплантација. За таа цел, 60 здравствени работници од различни профили беа дел од оваа четиридневна работилница, меѓу кои специјалисти, специјализанти, медицински сестри и болничари. Едукацијата е со цел продлабочување на знаењата во рамки на континуираната медицинска едукација во областа на трансплантација и раководење на процесите за трансплантација, се наведува во писмената изјава на професор Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Од Министерството истакнуваат дека едукациите продолжуваат и во следните месеци за надградба на вештините и знаењата како врвен приоритет. бд/сст/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан