Меџити: Чаир влегува во нова ера на развој
- „Пред само две недели, на една средба со жителите на Дижонска, тие го изразија своето незадоволство за улицата која ја поврзува населбата со „Ферид Мурад”. Оваа улица се изгради во рекорден рок од само 10 дена и денес е функционална, токму како што и заслужија граѓаните,“ потенцираше Меџити.
Скопје, 28 септември 2025
Првиот заменик претседател на Владата и кандидат за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, соопшти дека барањата на
граѓаните со голема брзина се претвораат во конкретни проекти и видливи инвестиции на терен, за време на една средба со жителите на населбата
Дижонска, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник за Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Меџити, што МИА го пренесува интегрално.
Меџити изјави дека улицата која ја поврзува населбата Дижонска со „Ферид Мурад“ е изградена во рекорден рок од само 10 дена.
„Пред само две недели, на една средба со жителите на Дижонска, тие го изразија своето незадоволство за улицата која ја поврзува населбата со „Ферид Мурад”. Оваа улица се изгради во рекорден рок од само 10 дена и денес е функционална, токму како што и заслужија граѓаните,“ потенцираше Меџити.
Тој го оцени овој случај како јасен доказ за моќта на соработката помеѓу граѓаните и институциите.
“Ова е најдобриот пример дека кога граѓаните зборуваат, а институциите работат, резултатите доаѓаат веднаш,“ нагласи Меџити, додавајќи дека Чаир влегува во нова фаза на развој благодарение на координацијата меѓу локалната и централната власт.
“Чаир конечно гледа големи инвестиции и развој. Ова е само почеток на една нова ера, во која соработката меѓу локалната и централната власт ќе ја води општината кон голема трансформација,“ истакна тој.
Понатаму, Меџити го потенцираше својот визионерски пристап и посветеноста кон жителите на општината.
“Мојата задача е да обезбедам достојни услови за секој жител на Чаир, од Дижонска па до секоја друга населба. ВЛЕН, затоа што вреди да се живее
со достоинство! Со волја, работа и визија, Чаир чекори напред,“ порача Меџити.
Фото: Изет Меџити