• петок, 17 јануари 2025

Меѓународна конференција „Бизнис дипломатијата-начин за раст на економијата и меѓународната соработка“

Меѓународна конференција „Бизнис дипломатијата-начин за раст на економијата и меѓународната соработка“

Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Паневропската унија на Македонија во соработка со Паневропската Унија на Австрија и Институтот на региони на Европа-Салцбург денеска организира Меѓународна конференција „Бизнис дипломатијата-начин за раст на економијата и меѓународната соработка“.

Како што информираат од Паневропската унија на Македонија, конференцијата ќе се одржи во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а воведни зборови ќе имаат Андреј Лепавцов, амбасадор и претседател на Паневропската Унија на Македонија, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Александар Николоски, заменик претседател на Владата и министер за транспорт, Карло Реслер, пратеник во Европскиот парламент, претседател на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ - С. Македонија, како и Паво Баришиќ - Генерален секретар на Меѓународната Паневропска Унија.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи паневропска панел дискусија - „Бизнис дипломатија - алатка за зајакнување на економијата и стабилноста, како и дискусија за „Инфраструктурните предизвици наспроти економскиот развој“. сст/мд/

фото МИА архива

 

 

                                    

            

Остани поврзан