• понеделник, 23 декември 2024

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари
Лос Анџелес, 12 октомври 2021 (МИА) - Хеви-металецот Мерилин Менсон ја продава својата вила во Холивуд Хилс, во Лос Анџелес, за 1,75 милиона долари. Уредена е, патем, во шпански стил и има три спални соби и три бањи. Вилата има 2.711 квадратни метри, а Менсон ја купи во 2013 година за нешто повеќе од милион долари. Две од спалните имаат сопствена бања и гардеробер, а третата има посебен влез и е за гости. Реновираната кујна води до тераса, а куќата сега има и вежбалница. Пространи градини го опкружуваат зданието. Гаражата, исто така, е реновирана и има канцелариски простор. Гласините говорат дека Менсон ја продава вилата бидејќи се соочува со тужби за сексуални злоупотреби и физички напади, меѓу другите, и од поранешната девојка Ешли Морган Смитлајн и глумицата Есме Бјанко.  си/сд/

Остани поврзан