• понеделник, 23 декември 2024

Мерилин Менсон ги отфрла наводите за насилство

Мерилин Менсон ги отфрла наводите за насилство
Лос Анџелес, 2 февруари 2021 (МИА) - Американскиот рок-музичар Мерилин Менсон ги нарече обвинувањата за насилство кон него - „страшно искривување на реалноста“. Претходно, глумицата Еван Рејчел Вуд, позната по серијата „Западен свет“ (Westworld), го обвини Менсон за насилство, наведувајќи дека со години „ужасно ја злоставувал“ и дека не може повеќе да живее во состојба на страв и закани. Во знак на солидарност, најмалку уште четири жени ги споделија своите искуства, објави „Венити фер“ Тие го обвинуваат Менсон за сексуално и психолошко насилство, како и за разни облици на принуда и заплашување. „Очигледно, мојата уметност и мојот живот долго време беа контроверзни, но овие неодамнешни изјави за мене се страшно извртување на реалноста. Моите интимни врски отсекогаш биле во договор со истомисленици. Без оглед на тоа како и зошто другите сега избираат да го сменат минатото, тоа е вистината“, напиша Менсон на својот Инстаграм-профил. Продуцентската куќа „Лома Виста рекординг“ претходно објави прекин на соработката со рокерот. Тој соработуваше со нив од 2015 година и издаде три албуми, од кои последниот – „We Are Chaos“ беше објавен во септември 2020 година. Ова не се први вакви обвиненија против Менсон. Претходно, ѕвездата на „Доктор Хаус“, американската глумица Шарлин Ји го обвини Менсон за сексуално вознемирување при неговите должности околу серијата. Обвинителството на Округот Лос Анџелес, Калифорнија, 2018 година одлучи да не поднесе официјални пријави против пејачот за силување. Оваа одлука е донесена во врска со истекот на времето предвидено за истрагата и надлежноста на судот. Покрај тоа, Ји се откажа од намерата да го тужи Менсон и престана да соработува со Обвинителството. си/ссм/

Остани поврзан