Менаџерот на Кристал Палас се заканува со заминување
- Менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер е разочаран од односот на неговиот клуб во однос на „пасивниот“ преодниот рок
Лондон, 9.август 2025 (МИА) - Менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер е разочаран од односот на неговиот клуб во однос на „пасивниот“ преодниот рок. Тој изјави дека би можел да го следи капитенот Марк Гуехи и по истекот на договорот на крајот од сезоната да си замине.
Кристал Палас минатата сезона ја заврши со освоен пехар во ФА купот, па менаџерот и претседателот на клубот Стив Периш разговарале да не се прават грешките од претходните години кога доцна се носеле нови играчи.
Но, очигледно е дека Кристал Палас не е активен на трансфер пазарот. Нови играчи се резервниот голман Валтер Бенитез и левиот бек Борна Соса. Гласнер истакнал дека има уште три недели до крајот и дека му се потребни уште најмалку еден играч во одбраната и еден во нападот.
За неговото останување во клубот уште не е разговарано, а дојден е во клубот на почетокот на 2024 година. мн/
Фото: ЕПА