• петок, 05 декември 2025

МВР и Црвениот крст ја зајакнуваат соработката во хуманитарното делување и безбедноста

МВР и Црвениот крст ја зајакнуваат соработката во хуманитарното делување и безбедноста

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) – Хуманитарно делување, превенција и одговор при кризни и вонредни состојби, заеднички активности во полето на безбедноста, едукацијата, обуките, како и унапредување на волонтерството и солидарноста во заедницата, се областите во кои Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст ќе соработуваат во иднина.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на потпишувањето на Меморандумот за соработка со Црвениот крст, истакна дека е сигурен дека оваа соработка дополнително ќе ги зајакне основите во насока на подобрување на соработката.

-  Овој Меморандум за соработка којшто денеска го потпишуваме само дополнително ќе ги зајакне основите за да можеме да соработуваме и во иднина во насока на подобрување на соработката, во насока на синенергија од луѓето коишто се во двете институции. Сигурен сум дека резултатите кои ќе ги дадеме ќе бидат уште подобри од она што го имаме, нагласи Тошковски.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити појасни дека Меморандумот е усогласен со МВР и дека претставува документ кој ќе продуцира нови форми на соработка со кои, како што рече ќе се унапредат хуманитерните ефекти. Тој му се заблагодари на министерот Тошковски за соработката при справување од последиците од пожарот во Кочани како и сега во справувањето со пожарите бк/са/

Фото: МИА

Остани поврзан