• петок, 05 декември 2025

Макрон: Француски фоторепортер загина од руски дрон на фронтот во Украина

Макрон: Француски фоторепортер загина од руски дрон на фронтот во Украина

Париз, 3 октомври 2025 (МИА) – Францускиот фоторепортер Антони Лаликан почина денеска во Украина како жртва на руски напад со дрон додека ја следеше украинската армија на фронтот, објави францускиот претседател Емануел Макрон.

- Нашиот сонародник ја следеше украинската армија на фронтот на отпорот. Со длабока тага дознав за неговата смрт, жртва на руски напад со дрон, напиша францускиот претседател на X.

Тој им оддаде почит на сите оние кои „го ризикуваат својот живот, ја информираат (јавноста) и сведочат за реалноста на војната“.

Макрон изрази сочувство до семејството на починатиот фоторепортер. јт/

Остани поврзан