• недела, 22 декември 2024

Макрон планира самит во Париз во 2023 година за помош на ранливите земји од климатските промени

Макрон планира самит во Париз во 2023 година за помош на ранливите земји од климатските промени

Париз, 21 ноември 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека сака да организира самит во Париз во 2023 година за да воспостави „нов финансиски пакт“ за ранливите земји, по завршувањето на КОП27 во Египет, јави дописникот на МИА.

„Потребен ни е нов финансиски пакт за најранливите земји. Ќе работам на тоа со нашите партнери со цел одржување на самит во Париз пред следниот КОП што треба да се одржи во Дубаи на крајот на 2023 година“, напиша Макрон на Твитер.

КОП27 заврши во неделата со жестоко оспоруван текст за помош на сиромашните земји погодени од климатските промени, но и за неуспехот да се постават нови амбиции за намалување на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.тг/сд/

Остани поврзан