МААК Македонска Каменица ја претстави својата советничка листа за Локалните избори 2025
- Партијата МААК денеска ја претстави својата советничка листа за претстојните локални избори во Македонска Каменица, нагласувајќи дека главната цел е заштита на достоинството на работникот и враќање на довербата во локалната политика.
Македонска Каменица, 1 октомври 2025 (МИА) – Партијата МААК денеска ја претстави својата советничка листа за претстојните локални избори во Македонска Каменица, нагласувајќи дека главната цел е заштита на достоинството на работникот и враќање на довербата во локалната политика.
-Во срцето на Македонска Каменица секогаш биле рудниците, работата и чесните луѓе. Ние сме таа сила – рудари и работници, луѓе кои со своите раце го создаваат животот во нашата општина, посочуваат од МААК Македонска Каменица.
Партијата истакнува дека нивната програма е насочена кон праведни услови за сите граѓани, поддршка за рударите и нивните семејства и зголемување на развојот на општината.
-Нашата сила не доаѓа од фотелји, туку од рудникот, фабриката, улицата и домот на секој обичен човек“, додаваат од МААК.
Од Советничката листа на чело со нсоителот Ванчо Вангеловски посочуваат дека Листата на рудари и работници ја гледаат како можност за воспоставување чесна локална власт, која ќе ја вреднува трудот и ќе гради подобра иднина за Македонска Каменица. вс/вј/
Фото: МААК М.Каменица