• петок, 05 декември 2025

Приведен возач кој удри велосипедист во Скопје

Приведен возач кој удри велосипедист во Скопје

Скопје, 1 април 2025 (МИА) - Возачот кој денеска удрил велосипедист од Скопје, е лишен од слобода, соопшти попладнево МВР.

- Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Б.Џ. (51) од Скопје затоа што денеска околу 11.40 часот на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје, стои во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека повредениот е пренесен во ГОБ „8 Септември“, а Б.Џ. е лишен од слобода, привремено му е одземено и возилото, а против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. нд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан