• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на семејна веселба

Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на семејна веселба

Скопје, 7 август 2025 (МИА) - Полицијата синоќа по претходна пријава за слушнаите истрли во село Рашче лишила од слобода две лица од истото село кои пукале на свадба.

-Во село Рашче, скопско, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од с. Рашче. Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба, информираат денбеска од МВР. 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. сст/вј/

Фото МВР

Остани поврзан