• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата

Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата

Лондон, 22 април 2025 (МИА) – Екипите на Лидс и Барнли следната сезона ќе играат во Премиер лигата.

Двете екипи на две кола пред крајот на Чемпионшип, изборија промоција во најквалитетното фудбалско натпреварување во Англија.

По 44 кола, Лидс води во поредокот со 94 бодови, пред Барнли, кој е на 2. место со ист број бодови.

Претходно, предвреме од Премиер лигата испаднаа Лестер кој е на 19. место со 18 бодови и Саутемптон кој е 20. со 11 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан