Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“
- Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје оствари победа над Летонија со 1-0 (0-0) во дуел од Лигата на нациите.

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје оствари победа над Летонија со 1-0 (0-0) во дуел од Лигата на нациите.
Македонските фудбалери со голот на Серафимов во 57. минута дојдоа до трите бода и ја обезбедија првата позиција во групата 4 која не носи во Лига Б.
Македонија има 13 бода, Фарски Острови имаат шест, а Ерменија и Летонија по четири.
Нашите фудбалери во недела ги очекува и последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Нации кога во Скопје гостуваат Фарски Острови. Дуелот почнува од 15 часот. дс
Фото: МИА