• сабота, 21 декември 2024

Либан бара помош од меѓународната заедница

Либан бара помош од меѓународната заедница
Бејрут, 6 април 2020 (МИА) - Претседателот на Либан, Мишел Аун апелираше денеска на меѓународната заедница да и помогне на земјата бидејќи минува низ катастрофална економска и финансиска криза во изминатите децении, која во последните недели е уште повеќе влошена поради пандемијата на новиот коронавирус. Аун во говорот пред амбасадорите од Меѓународната група за поддршка на Либан, која ги вклучува ОН, САД, Кина, Франција, Германија, Италија, Русија, Велика Британија, ЕУ и Арапската лига, изјави дека Бејрут се подготвувал за поттикнување на бизнисот, со цел да заживее економијата, кога коронавирусот го погоди светот. - Соочени сме со сите овие предизвици  и прифаќаме каква било меѓународна помош, истакна Аун, додавајќи дека присуството на еден милион сириски бегалци ја отежнува кризата. Во Либан е потврден 541 случај на заразени со Ковид-19 и 19 починати лица. гт/

Остани поврзан