„Лапа фест“ во виничкото село Градец, зошто лапата да не прерасне во национален бренд
- В недела, 28 септември, во виничкото село Градец ќе се одржи „Лапа фест“, фестивал на традицијата, културата, верата и љубовта. Фестивал кој има меѓународен карактер и чија цел, пред се, е да се промовира лапата, јадење од кршен ориз и афион, вековно обележје за населението од Кочанско – виничката котлина.
Виница, 23 септември 2025 (МИА) - В недела, 28 септември, во виничкото село Градец ќе се одржи „Лапа фест“, фестивал на традицијата, културата, верата и љубовта. Фестивал кој има меѓународен карактер и чија цел, пред се, е да се промовира лапата, јадење од кршен ориз и афион, вековно обележје за населението од Кочанско – виничката котлина.
-Наша цел е да се промовираат старите и по малку заборавени јадење, кои некогаш биле секојдневие на трпезата на луѓето од овој крај. Би сакале лапата да допре и до другите краеви на Македонија, зошто не, и да прерасне во национален бренд, изјави за МИА, Јасенка Ѓорѓиевски, претседател на Здружението „Лапа фест“.
Лапата, инаку, е специјалитет што се подготвува од кршен ориз, што овде се нарекува уфак, афионово семе или мак и вода. Некогаш ова традиционално јадење било почесто приготвувано од посиромашните семејства. Се подготвувало и за време на пости. Сега лапата е специјалитет кој најчесто може да се сретне во кочанско и виничко.
Закажаниот за в недела фестивал - „Лапа фест“, е второ негово издание.
Програмата предвидува избор на најубаво зготвена лапа, настапи на културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Крушевац (Србија), Кочани, Виница и Македонска Каменица. Распишани се литературен и ликвен конкурс на тема традиционални јадење.
Во текот на фестивалот, професорот на медицинскиот факултет при УГД во Штип, Гордана Панова, ќе одржи предавање за значењето на афионот и зошто тој треба да се врати во секојдневната исхрана.ис/вј/
Фото: „Лапа фест“