• понеделник, 23 декември 2024

Курти нема да присуствува на панелот на Фридрих Еберт „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“

Курти нема да присуствува на панелот на Фридрих Еберт „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - И покрај најавите, косовскиот премиер Албин Курти нема да присуствува на панелот „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“, на кој во организација Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, ќе говорат претставници на социјалисти од регионот.

На негово место, како што соопштија организаторите, ќе присуствува министерот за култра и спорт Хајрула Чеку, и меѓународен секретар на политичката партија Движење Самоопределување.

Настанот ќе започне со воведни излагања на потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и претставничката на Фондацијата Фридрих Еберт Хелен Кортлаендер.

Најавено е дека на панелот свои излагања ќе имаат претседателот на Социјалдемократската партија на Германија Ларс Клингбаил, првиот човек на СДСМ Димитар Ковачевски, потпретседателката на Демократската партија на Србија Драгана Ракиќ, лидерот на Партијата за слобода и правда (СПП) Драган Ѓилас, потоа, првиот човек на Социјалдемократската партија на Црна Гора Иван Вујовиќ, потпретседателот на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора Иван Вуковиќ.

На панелот свое излагање ќе има и потпретседателката на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина Лана Прлиќ, како и генералниот секретар на Социјалистичката партија на Албанија Бленди Клоси. нд/ац/

Остани поврзан