• петок, 05 декември 2025

Кумановското претпријатие „Чистота и зеленило“ набави два камиони за собирање смет

Кумановското претпријатие „Чистота и зеленило“ набави два камиони за собирање смет
Куманово, 3 јуни 2020 (МИА) - Кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ со сопствени средства набави две нови возила за собирање смет. За набавка на двете возила со кои ќе се подига сметот од потесните улици во Куманово, претпријатието одвои пет милиони денари. - Се надевам дека со возилата ќе ја подобриме услугата кон граѓаните. Би сакал да апелирам до граѓаните да внимаваат и непропосно да не ги паркираат своите возила, бидејќи тоа претставува најголем проблем во работењето на јавното претпријатие за да можат вработените непречено да ги вршат  работни обврски - изјави директорот на претпријатието Даниел Стојчевски.

Општина Куманово заедно со општините од североисточниот и источниот регион преку проект заеднички ќе го депонираат сметот на една локација и во рамки на овој проект се очекува Куманово да добие одреден број возила за изнесување смет.

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ располага со 17 возила за собирање смет. ам/ир

Остани поврзан