• вторник, 05 ноември 2024

Кумановскиот музеј одбележува 59 години од постоењето

Кумановскиот музеј одбележува 59 години од постоењето

Куманово, 23 декември 2023 (МИА) - Националната установа Музеј Куманово одбележува 59 години од постоењето, информираа денеска надлежните од установата. Годинава, реализирани се сите предвидени проекти согласно годишната програма за работа на установата.

Во Музејот се реализираа повеќе од 20-тина проекти од сите области финансирани од Министерството за култура.

-Во целина завршена е целата програма и во Музејот и во Уметничката галерија. Наредната година очекуваме да биде уште поуспешна во однос на тековната, уште повеќе да оставиме резултати како институција која се грижи за заштита на културното наследство и негова промоција, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

И наредната година ќе се реализираат истражувања од археологија, историја, историја на уметност, сите одделенија ќе имаат свои поединечни проекти.

-Очекуваме наредната година да реализираме и надворешни проекти во рамки на прекугранична соработка, изјави Миљуш Божурска.

Музејот првично почнал да работи како секција на општина Куманово заедно со архив уште во 1951 година, по што архивот станува посебна институција, а подоцна се формира и музејот како историски. Во 1978 година се формираат уште две одделенија, за археологија и етнологија. Наредната година музејот станува народен музеј. Низ годините се зголемувал бројот на вработени и во 2004-та година музејот станува национална установа, бидејќи е комплексен музеј со повеќе оддели. ам/сх/

Фото: МИА

Остани поврзан